ТВ серија: Sleepy Hollow (Заспаната долина)
Во 1781 година, Икабод Крејн умира во Револуционерната војна во мисија за генералот Џорџ Вашингтон. По цели два века, тој станува од својот гроб и се наоѓа во Sleepy Hollow, Њујорк.
Покрај него, оживува и Обезглавениот коњаник кој дивее во новата средина. Градот и светот во кој се разбуди претставуваат мистерија за воскреснатиот Икабод. Сепак, тој е одлучен да го уништи бесмртното суштество.
Обезглавениот коњаник го убива шерифот Август Корбин, ментор на полицајката Аби Милс, а таа заедно со Икабод ќе ги решаваат мистериите на Sleepy Hollow.
потекло: САД
канал на емитување: FOX
улоги: Том Милсонс, Никол Бихери, Орландо Џонс
Премиерата кај нас ќе биде на 2-ри декември на каналот FOX.