Денес излезе спотот за баладата "Ми фалиш ти" на Виктор Апостоловски, а вечерва тој ќе направи промоција за обожавателите на Интернет со вклучување во живо.
Еве што тој изјави:
"Ми фалиш ти" започнав да ја пишувам уште за време на идолот и тоа непосредно по испаѓањето на Јана. Арно ама, поради многуте преселби после шоуто, загинав неколку тетратки со текстови кои ги најдов дури по една година. Кога повторно се сретнав со текстот, некако ми фалеше зачин, пресврт, причина, па за кратко идејата дојде и ја добив оваа верзија. Бидејќи секогаш се консултирам со моите колеги околу мојата работа, многу од нив посакаа да ја продуцираат песнава. Пробав со неколку души, но едноставно не ја чувствуваа приказната како што ја чувствував јас или да бидам поконкретен, битно им беше само нивното име да стои на моето дело. И така продолжив да работам сам. Па се случи немилиот настан за кој веќе цела Македонија знае, бев ограбен. Потоа следеше многу тежок период, кој во ниту еден момент не ме натера да се откажам, напротив го пребродив како летна настинка. И ете денес, конечно ја имаме песната заедно со видео запис како комплетен производ. За спотот да изгледа толку добро, се погрижи продукцијата "Tривиа" од Битола.