Како изгледаат ликовите од бајките во американската серија „Си било еднаш“?


"Once Upon A Time" (Си било еднаш) e американска серија во која се судираат два света: едниот исполнет со ликовите од бајките, а другиот го претставува нашиот живот.

Злобната Кралица со цел да се одмазди на Снежана ги испратила сите ликови во нашиот свет, не сеќавајќи се на ништо. Така, Принцот и Снежана се раздвоени, а Кралицата ужива во својата победа.

Сепак, ликовите се претставени малку поинаку од класичните бајки. На пример, Снежана во серијата е претставена како мила учителка во основно училиште, а чие име е Мери Маргарет Бленчард. Таа е учителка на Хенри, нејзиниот внук, но таа не знае за тоа.

Принцот се вика Дејвид и е во кома, разделен од саканата. Злобната Кралица е градоначалничка на градот и го посвоила Хенри. Ловецот е претставен како офицер во градот.


Ѕверот од "Убавицата и ѕверот" има антикварница во нашиот свет, додека во светот со бајките се занимава со магија и е познат како Рампелстилтскин. Убавицата, пак, Бел е заробена од Злобната Кралица. Капетан Кука е еден од ретките ликови кои успеале да останат во нивната земја и да не пристигнат во нашиот свет.
Лудиот Шапкар се вика Џеферсон и живее сеќавајќи се на двата живота.


Кралицата на срцата, Мулан и Заспаната убавица, исто како и Кука останале во нивниот свет. Кралицата на срцата се вика Кора, која е мајка на Злобната Кралица. Штурецот Џимини е претставен како психијатарот Арчи, кој има куче милениче, бело со црни точки, како во "101 Далматинец".


Третата сезона од серијата започнува на 29 октомври, а ќе се запознаеме и со нови ликови: Ѕвончица, Малата сирена, Петар Пан и други... Кај нас, можете да ја гледате втората сезона, секој понеделник на Фокс Лајф од 20:55 часот.