Зек Ефрон излегува од рехабилитација целосно обновен
Зек Ефрон успешно ја заврши рехабилитацијата, објави списанието "People". 25-годишниот актер помина речиси пет месеци на рехабилитација, бидејќи според повеќе извори тој бил зависник од алкохол и кокаин.
Зек неодамна присуствуваше на премиерата на неговиот нов филм "Parkland", каде што на новинарите изјави дека се чувствува многу добро.