„Обожавателка“ се заканува: Следете ме или ќе го убијам кучето


Веќе се знае дека обожавателите на групата се подготвнеи да направат секаква работа за некои од дечките да ги следат на "Твитер", но ова стигна премногу далеку. 

Пред неколку денови една обожавателка со корисничко име @Illumivato објави една слика со своето куче и ги означи дечките од бендот, заканувајќи се:
 Следете ме или ќе му го скршам вратот на кучето.
Нејзинот профил беше избришан поради објавувањето на фотографијата, но по неколку дена таа повторно се појави со нов твит: 
Лиам, следи ме бидејќи моето куче умре.
Ова не се случува само со обожавателите на "One Direction", туку и со обожавателите на Џастин Бибер, Селена Гомез и други.