Лали Еспосито: „Толку многу работам, што во приватниот живот сум како дух“


Лали Еспосито, Мар од "Ангели" ужива во солистичката кариера, иако признава дека малку спие, но сепак е среќна што го исполни својот сон.

Во интервју изјави дека го живее својот сон и покрај пренатрупаната агенда и напорните денови.
Понекогаш не забележувам дека е 2 часот наутро, а се уште сум во студиото. Се прашувам: "Што правам овде кога треба да се разбудам во седум?" Но кога ти се допаѓа нешто, нема начин.
Ентузијастички раскажува за обожавателите, кои ја поддржуваат.
Првиот ден ја отворивме страницата и падна поради преголемата посетеност. Беше супер, ги надмина нашите очекувања.
 Иако работата завзема голем дел од нејзиниот ден, таа наоѓа време и за приватниот живот.

Мојот приватен живот се комплицира, како дух сум. Но не правам ништо во недела. Ручекот со татко ми или посетите на сестра ми, а најмногу јадењето со моето момче не ги одложувам.