Интервју со Еугенија Суарез, Јасмин од „Ангели“
Еугенија Суарез, која ја знаеме како Јасмин од "Ангели" за прв пат зборуваше во јавноста по раѓањето на нејзината прва ќерка, Руфина. Зборовите "љубов" и "среќа" ги спомнува во речиси секое прашање...
Како беше го дозна дека си бремена? -Бев во Венецуела, кога Нико снимаше таму. Еден ден почнав да се чувствувам лошо, имав болка во стомакот и му реков "Денес нема да одам со тебе, ќе останам во хотелот". И Мартина рече: "Сигурно е бремена". Кога се врати од снимањата, ми призна: "Мартина вели дека си бремена". Направив тест и беше позитен.
Каква беше твојата реакција? -Претпоставував, така да веста ја примив со смиреност. Најчудното нешто беше што следниот ден се разбудив знаејќи дека сум бремена. Нема повеќе алкохол, нема повеќе цигари, требаше да се чувам.
Кој прв дозна за добрата вест? -Мојата пријателка Агустина. Беше по телефон, бидејќи дури за еден месец се враќав во Буенос Аирес и морав да кажам на некого. Беше 3 часот наутро и и пратив фотографија од тестот. Таа беше во бар и ми рече: "Почекај ќе одам во WC, плачам". На брат ми му кажав кога беше на посета во Венецуела, а мајка ми дозна кога се вратив. "Мамо, ќе бидеш баба". Нејзиниот одговор беше: "Не ме залажувај, ми измори со приказнат адека сакаш да бидеш млада мајка". (се смее)
![]() |
Од твојата група на пријатели, ти си првата која стана мајка? -Да, прва сум од моите пријателки од училиште. Лудост е, бидејќи изгледаме малечки! Исто така, се чувствувам ептен подготвена.
Како беа деветте месеци бременост? -Вечни! За мене беа петнаесет! На почетокот не ни приметував, бидејќи не ми растеше стомакот до петтиот месец, и бидејќи работев шестиот, уште помалку... Последниот периот беше најтежок, иако само се здебелив 10 килограми
Се чуваше во врска со храната или јадеше од се? -Јас јадам што сакам, но во мали количини. Се обидував да пијам многу вода, но ништо повеќе.
Кога заврши со снимањата, веднаш започна со подготовките? -Всушност, Нико и јас се погриживме за облеката, за уредување на собата... Се правевме заедно и беше одлично.
Колку деца би сакала да имаш? -Да беше до мене, би имала осум! Но ми се допаѓа и мојата работа, така да три или четири деца ми изгледаат добар број.
Нико се согласува? -Веќе му реков: "Мојата замисла е четири, ако се согласуваш - во ред, а ако не - исто. (се смее) Тој е фасциниран, така да сигурно ќе се согласува".
Кој го избра името на бебето? -Не знам зошто сите кренаа паника со името, за мене беше секојдневно име. Најпрвин, ни рекоа дека е момче, но следните ден направив нов тест и потврдија дека е девојче. Веќе имавме планирано. Сепак, никој не знаеше до пораѓањето. Руфина ми изгледа слатко име.