Ноирет од „Интернат“ раскажува анегдота од снимањата


Карлос Леал, актерот кој го толкува Жакс Ноирет во „Интернат“ зборуваше за кучињата кои ги видовме во неколку епизоди и кои се во сопственот на Ноирет и неговите соработници. Еве што изјави тој за нив.
Се сеќавате на кучињата на Ноирет, кои изгледаа страшно? Па, тие кучиња беа многу добри и доста исплашени. Една вечер, кога снимавме сцена со Ноирет и Амелија, едно од кучињата се уплаши и истрча во шумата. Го бараа целата ноќ и го пронајдоа следниот ден, сокриено во дупка и тресејќи се од страв, кутрото животно. Така да, гледате, филмовите и сериите се многу "лажни", хаха!
Серијата „Интернат“ се емитува секој работен ден на Алфа од 15:20ч.