Дали „One Direction“ ќе имаат втор филм?


Откако нивниот прв филм "This is us" ги освои кино салите низ светот, заработувајќи повеќе од 67 милиони долари, обожавателите веќе очекуваат нов филм, а според Лиам Пејн постои голема можност за тоа!

Лиам изјави дека не знае што носи иднината, но не ја отфрла идејата за втор филм:
Навистина не очекувавме да имаме филм, па ќе треба да видиме што ќе се случи. Не знам како би го направиле, бидејќи не би сакал да биде повторување на првиот.