ТВ серија: Once Upon A Time (Си било еднаш)


Ема Свон е 28-годишна жена која сама се снаоѓа во животот откако како бебе била напуштена од нејзините родители. Но сѐ се менува, кога нејзиниот 10-годишен син Хенри, од кого се откажала пред една деценија, ќе и затропа на нејзината врата.

Тој верува дека Ема е ќерка на Снежана и Принцот, а според неговата книга тие ја испратиле од светот на бајките во нашиот свет за да ја спасат од проклетството на Злобната Кралица. Таа, успеала со својата одмазда против Снежана, така што ги испратила сите ликови од Маѓепсната шума во нашиот свет и каде не се сеќаваат на нивните претходни животи.


Секако дека таа не верува во тоа, но откако пристигнува во Сторибрук, градот во кој времето е замрзнато, таа ќе се запознае со Снежана, наводно нејзината мајка со која имаат слична возраст. Загрижена за Хенри, одлучува да остане недела дена, но тајните на градот ја задржуваат повеќе.

Паралелно со нашиот свет, серијата прикажува сцени од Маѓепсната шума, земјата каде живееле сите ликови од приказните пред да пристигнат во нашиот свет.


потекло: САД
канал на емитување: АBC
улоги: Џенифер Морисон, Џинифер Гудвин, Џош Далас