Дали Еугенија Суарез раскина со своето момче?
Еден од најпопуларните парови во медиумите се раздели, велат озборувањата.
Весникот "Clarin" пишува дека актерката Еугенија Суарез е разделена од Николас Кабре, четири месеци по раѓањето на нивната ќерка Руфина. од друга страна, пак, според извори на Ciudad, Еуге започнала со подготовки за преселба од куќата во која живееле заедно до пред неколку дена.
Други озборувања велат дека причината е неверство на Кабре, кој започна со снимањата на "Mis amigos de siempre", каде глуми со неговата поранешна девојка.
Сега, недостасуваат само зборовите на главните јунаци да кажат дали озборувањата се вистина.
