Лали Еспосито: „Со Бенџа немаме планови заедно да живееме“


Лали Еспосито буквално не престанува! Оваа година беше дел од хит серијата "Solamente Vos", започна солистичка кариера и го подготвува својот парфем. 

На доделувањето на наградите на Clarin, Лали по трети пат освои награда за најбара личност на Интернет и зборуваше за својата врска со Бенџамин Амадео, како и за нејзиниот парфем...
Дали ти се допаѓаат социјалните мрежи? -Користам Твитер и немам Фејсбук, освен една страница за мојот парфем. Сметам дека Твитер е голем медиум за комуницирање за она што го работиш, директен контакт со луѓе од други земји. За мене, претставува лудост.
Наскоро ќе излезе парфемот, што можеш да кажеш за овој проект? -Имав голема желба да го дизајнирам. Си го замислував мирисот, како би изгледал во парфимерија. Ми се допаѓа и немам страв да продолжам понатаму. Не очекувам да го бараат, ако имам желба да правам нешто, одам кај соодветните луѓе и продолжувам. Тоа е благодарение на обожавателите, кои секогаш се присутни и секогаш го поддржуваат она што некој го прави.
Покрај толко многу работа, како успеваш со своето момче Бенџамин Амадео? -И тој работи многу, но уживаме. Го прашувам се за неговата работа, за мојата, а понекогаш зборуваме и за други нешта. Но заедно јадеме многу, тој ми готви...
Живеете заедно? -Не и немаме планови, бидејќи не сакаме да брзаме.