Лали Еспосито и покрај соло кариерата, снима серија и филм


Лали Еспосито освен што работи на својата солистичка кариера, истовремено ја снима серијата "Solamente vos", а од неодамна започна со снимања на нов филм.

Таа во средината на ноември ќе патува во Перу, на премиерата на филмот "A los 40" (На 40), во кој глуми. Од продуцентите на "Solamente vos" зеде 10 слободни дена за своето патување. Во филмот таа е во љубовна врска со актерот Андрес Виесе.