„Abismo de pasion“ од следната недела на Алфа
Премиерата на латино теленовелата "Abismo de pasion" е на 8-ми октомври (вторник) во 17:40 на Алфа ТВ.
Најгледаната латино теленовела од мексиканска продукција на Балканот на сите времиња. „Амбис на љубовта“ е сага за двете семејства Кастањон и Аранго и за нивните љубовни врски и игри кои ќе испреплетат судбини на неколку генерации.
Еден трагичен настан во кој животите ги изгубат Росендо Аранго и Естефанија де Кастањон, ќе предизвика сомнеж за смислата на животот кај Августо де Кастањон и Алфонсина Аранга и тие ќе направат се да ја спречат љубовта што се раѓа меѓу нивните деца Елиса и Дамијан...
Дали ќе победи љубовта или сплетките ќе ја турнат во амбисот на најниските страсти?
извор: Алфа