Марија дел Керо: „Го најдов мажот за цел живот“


Марија дел Керо, модел, актерка и сега дизајнерка позираше за списанието "Caras" заедно со своето момче, рагби играчот Хаиме Букет.
Тој е мојот маж за цел живот, вели таа за своето момче.
По завршувањето на серијата "Aнгели", таа се посвети на својата кариера како модел. Позираше за "Sweet Victorian", а сега дизајнира и своја бикини колекција.
Клучот за да блескаш е да бидеш женствена, да имаш карактер.
Нејзиното момче е рагби играчот Хаиме Букет, но исто така познат како DЈ Меме, кој свири во најдобрите клубови во Буенос Аирес.
Го избирам за цел живот, иако никој не знае што судбината ќе одреди. Него го гледам каков би бил како сопруг и како татко и ми се допаѓа. Се уште не живееме заедно, можеби постои страв како би било.