Ви се допаѓа ли новиот изглед на Рочи Игарзабал, Вале од „Ангели“?
Росио Игарзабал, актерката што ја глумеше Валерија во "Ангели" продолжува со нови проекти, а поради тоа дојде и до промена на изгледот.
Таа по завршувањето на серијата "Dulce amor" каде го глумеше ликот на Бренда заедно со Николас Риера (Тачо), направи мала пауза, а сега е повторно на работа, снимајќи ја серијата "Taxxi, amores cruzados". Во серијата повторно глуми со Нико, а нејзиниот лик се вика Тања.
Токму поради ликот на Тања, таа го промени својот изглед, а дали и прилега добро, вие одлучете.