Кандела Ветрано, Тефи од "Ангели" направи секси фотосесија за списанието "Gente" и даде интервју во кое зборуваше за своето момче, растењето на професионален план, како и на приватен.
Се чувствував многу добро фотографирајќи се. Се осмелив да покажам малку повеќе од обично, но ми беше удобно. Од секогаш ми се допаѓаше да си играм манекенка, уште од малечка и особено ако имаш добра екипа за работа.
Зборуваше и за своето момче Гастон Софрити (21)...
Многу сум заљубена и среќна, но недостигаат многу нешта да доживееме заедно како пар, додека да се преселиме заедно. Засега има место само за моето куче и мене. Се уште сакам да патувам многу. Сакам да создадам семејство, но не е соодветниот момент.