Деми Ловато најави турнеја
21-годишната пејачка ги најави своите планови за турнеја насловена како "Neon Lights".
Деми Ловато започнува со концертите во февруари идната година во Канада и САД. Како гости на некои концерти ќе се појават "Little Mix", Шер Лајод и "Fifth Harmony".
Освен на музички план, таа работи и како актерка. Оваа недела ќе ја видиме во епизода од серијата "Glee".