Заврши љубовта! Кандела Ветрано и Гастон Софрити се разделија!


Врската ја започнаа минатата година, кога заедно ја снимаа серијата "Vecinos en guerra". Девет месеци, Кандела Ветрано и една година помладиот Гастон Софрити уживаа во својата љубов. Но приказната заврши. Двајцата одлучиле да стават крај на врската, пишува списанието Caras.
Еден ден се почувствувавме различни и се случи. Кандела е многу едноставна девојка, што доаѓа од место слично на моето... секогаш ми изгледаше прекрасна, призна Гастон.
Денес, секој тргна по свој пат. Актерот бил виден со пријатели во Пунта дел Есте, далеку од Канде, со која планираа одмор во Бразил. Ќе има ли помирување?
Прочитај повеќe

ФОТО: Модата на доделувањето на Golden Globes наградите


Синоќа се оддржаа 71-те Golden Globes награди, каде познатите се претставија во своето најдобро светло, а некои не баш, но ваше е да дадете мислење. Погледнете дел од познатите на црвениот тепих...


Прочитај повеќe

Излезе првиот трејлер за четвртата сезона од „Game of thrones“


Конечно излезе првиот трејлер за четвртата сезона за најсимнуваната серија онлајн! 

Синоќа, пред премиерата на "True Detective", каналот HBO го емитуваше првиот трејлер, во кој можеме да видиме дел од венчавката на Џофри, како и сцена со Тирион во незгодна ситуација, но и Мелисандра помагајќи на Станис. Погледнете го трејлерот во продолжение...

Прочитај повеќe

Лали Еспосито во поинакво издание: зборува за сексот, дрогата и парите


Актерката зборуваше за сексот, дрогата, парите и многу повеќе во интервју за "El Planeta Urbano". Од пред некој ден е плавуша и веќе три години е во врска со Бенџамин Амадео.

И покрај презафатеноста, Лали признава дека страста има важна улога во врската.
Да, сексот има многу важно место. Не е најважното нешто, но сепак има важност и бараме време како сите парови, вели Лали.
Зборуваше и за дрогата:
Не пушам марихуана. Бев во ситуации во кои реков 'не', тоа не е нешто што ми е потребно. Имам многу пријатели што пушат, но мене не ме интересира. Не ја избирам за мене, изјави одлучно.
Нашата работа претставува слава: го сакаме она што го правиме и покрај тоа, имаме нереални плати, вели таа за актерството.

Прочитај повеќe

Слушнете ја првата песна на Леа Мишел


Леа Мишел, актерката од американската серија "Glee" го издаде својот деби сингл, насловен како "Cannonball", а видео записот излезе вчера. 

Песната не само што е нејзин прв сингл, туку и помогна да се справи со смртта на нејзиното момче, Кори Монтејт минатата година. Таа вели дека ја слуша песната секој ден и дека со причина се појавила во нејзиниот живот.

Прочитај повеќe

Еугенија Суарез е повторно заедно со своето момче?


Неколку месеци по раѓањето на нивната ќерка Руфина, Еугенија Суарез и Николас Кабре се разделија. Но, изгледа дека денес се повторно заедно, известува новинар од "AM".
Синоќа беа на вечера во ресторан во Пилар. Беа разделени, но сега се смирија. Имаа убава вечер. Не беа сами. Ноќта ја поминаа заедно, иако не живеат заедно. Полека се смируваат, бидејќи таа треба да му прости поради болката која и ја нанел. Беа да вечераат со нивната ќерка, тврди новинарот.
Но сепак, веста не е потврдена, бидејќи Еуге изјави дека само се разделиле, а немале кавги.
Прочитај повеќe

Питер и Мартина го запознаа папата Франциско


Мартина Стоесел, која во Аргентина е многу популарна помеѓу младата публика моментално е на турнеја низ Европа и каде ужива со семејството и со своето момче, Питер Ланзани.

Вчера, двајцата заедно со нејзиниот брат го видоа Папата Франциско, кој има аргентинско потекло, а тој се ракуваше со нив.

Питер во Аргентина ќе се врати на 13-ти јануари, а Мартина ќе остане до почетокот на февруари, кога го има последниот концерт.
Прочитај повеќe