Заврши љубовта! Кандела Ветрано и Гастон Софрити се разделија!
Врската ја започнаа минатата година, кога заедно ја снимаа серијата "Vecinos en guerra". Девет месеци, Кандела Ветрано и една година помладиот Гастон Софрити уживаа во својата љубов. Но приказната заврши. Двајцата одлучиле да стават крај на врската, пишува списанието Caras.
Денес, секој тргна по свој пат. Актерот бил виден со пријатели во Пунта дел Есте, далеку од Канде, со која планираа одмор во Бразил. Ќе има ли помирување?