Лали Еспосито во поинакво издание: зборува за сексот, дрогата и парите


Актерката зборуваше за сексот, дрогата, парите и многу повеќе во интервју за "El Planeta Urbano". Од пред некој ден е плавуша и веќе три години е во врска со Бенџамин Амадео.

И покрај презафатеноста, Лали признава дека страста има важна улога во врската.
Да, сексот има многу важно место. Не е најважното нешто, но сепак има важност и бараме време како сите парови, вели Лали.
Зборуваше и за дрогата:
Не пушам марихуана. Бев во ситуации во кои реков 'не', тоа не е нешто што ми е потребно. Имам многу пријатели што пушат, но мене не ме интересира. Не ја избирам за мене, изјави одлучно.
Нашата работа претставува слава: го сакаме она што го правиме и покрај тоа, имаме нереални плати, вели таа за актерството.