Џастин Бибер, Мајли Сајрус и Хари Стајлс најмногу им одат на нервите на Британците!


Настапот на Мајли Сајрус и будалаштините на Џастин Бибер се најдоа на листата на нешта кои ги нервирале Британците оваа година.

Повеќе од илјада жители на Велика Британија ја навеле својата листа со познати личности и нивни постапки кои не им се допаѓале. На листата се најдоа и Ким Кардашијан, но и раѓањето на принцот Џорџ.

Џастин Бибер со плукањето врз обожавателите и напуштањето на своето домашно милениче се најде на врвот на листата со 36% од гласовите. Настапот на Мајли Сајрус со Робин Тик на доделувањето на VMA со 35% застана на второто место. 

На третото место е Расел Бренд, кој оваа година "заплива" во политичките води. Други познати личности кои изминатите 12 месеци ги нервирале Британците се Лејди Гага, Хери Стајлс, и Пјерс Морган.

На првото место на листата со настани кои најмногу ги нервираат се најде зголемувањето на цените на струјата, а на второт настапот на Мајли. На трето место е веста за Сајмон Кауел кој ќе "стане татко". На 8-мо место е бременоста на Ким Кардашијан, а на 9-то место е трансферот на Гарет Бејл.

 ТОП 10 ЛИЧНОСТИ КОИ ГИ НЕРВИРААТ БРИТАНЦИТЕ
 1. Џастин Бибер
 2. Мајли Сајрус
 3. Расел Бренд
 4. Хелен Фленаган
 5. Ким Кардашијан
 6. Лејди Гага
 7. Пјерс Морган
 8. Кејти Хопкинс
 9. Хари Стајлс
 10. Луис Суарез