Питер Ланзани планира да ја посети Европа
Питер Ланзани заедно со неколку актери од "Aliados" вчера беа на снимањата на новогодишната реклама на каналот Телефе.
Тие веќе ја снимаат втората сезона од серијата, но сакаат и одмор. Питер би сакал да оди неколку дена во Европа, каде е неговата девојка Мартина Стоесел на турнеја.
Турнејата на Мартина започна на 1-ви декември во Шпанија, а ќе има концерти и во Франција и Италија до крајот на јануари.
