Актерите од „The Vampire Diaries“ ги прославија 100-те снимани епизоди
Актерската екипа и оние зад камерата кои работат на снимањето на "Тhe Vampire Diaries" минатиот викенд ги прославија 100-те снимани епизоди од серијата.
На забавата присуствуваа Нина Добрев (Елена), Пол Весли (Стефан) и Ијан Самерхалдер (Дејмон), како и Кет Грем (Бони), Кендис Акола (Керолин), Стивен МекКвин (Џереми), Зак Роериг (Мет) и Мајкл Тревино (Тајлер). Присутни беа и актери од "The Originals", чија премиера беше оваа година.
Серијата "The Vampire Diaries" започна со емитување во 2009 година на каналот CW, а моментално се емитува петтата сезона. Епизодата број 100 ќе биде емитувана во декември.