Се оддржа премиерата на „Catching Fire“ во Лондон
Иако "Catching Fire" нема да излезе до 22 ноември, сепак филмот ја доживеа својата прва премиера во Лондон.
Џенифер Лоренс (Кетнис), која месецов го смени драстично својот изглед, се појави во бел фустан, додека нејзините колеги Лиам Хемсворт (Гејл) и Џош Хатчерсон (Пита) беа облечени во одело.
Од друга страна пак, Џена Малоне (Џоана), Вилоу Шилдс (Прим) и Елизабет Бенкс (Ефи) беа инспирирани од огнот, симбол на трилогијата. Џена беше во црвено, додека Вилоу и Елизабет во жолто.
Премиерата во Македонија ќе биде на 28-ми ноември во киното "Cineplexx".