Денес е премиерата на „Catching Fire“ во Македонија


Недела дена по светската премиера, продолжението од "The Hunger Games" со премиера и во Македонија.

Минатиот викенд, премиерата на "Catching Fire" заработи неверојатни 161,1 милиони долари, што е повеќе од 152,5 милиони долари што ги заработи "The Hunger Games" минатата година на премиерата. Со овие суми, филмот го надмина "The Twilight Saga: New moon", кој во 2009 заработи 142,9.

Од денес, филмот ќе биде и на репертоарот на киното "Cineplexx" во Скопје во повеќе термини.