Во вторник започнува првата хрватска научно-фантастична веб серија
На 3-ти декември (вторник) ќе започне со емитување првата хрватска веб серија со научно-фантастична содржина, наречена "Југоисточно од разумот".
Животот на средношколката Андреа изгледа сосема обично, додека во еден момент не се најде далеку од сѐ што познава...
Андреа нема татко, а мајката ја оставила на чување кај полубратот и неговите трудни девојки и кој исчезнал без трага. Нејзината мисија е да ја најде својата мајка и одговорите на прашањата за својот идентитет. Додека таа ја бара мајка ѝ, една мистериозна личност праќа пратеници да ја пронајдат неа.
Во минатото на Андреа се крие објаснување зошто таа е посебна девојка - надеж на сите цивилизации. Нејзината мајка и одамна отсутниот татко се само фигури сместени на спротивставени страни на древната борба. Но каде има фигури, има и господари, а Андреа не ни знае колку ѝ се блиску.
Епизодите ќе бидат објавувани на YouTube каналот на серијата.