Хари Стајлс се маскираше во Мајли Сајрус


Минатиот четврток во повеќето земји од светот се славеше Ноќта на вештерките, па како познатите, така и "обичните" луѓе беа маскирани.

Мајли Сајрус со својот настап претставуваше голема инспирација за сите за овој празник, па така Хари Стајлс се маскираше во неа. Кратки шорцеви, соберена коса, без маица и со испружен јазик, така изгледаше тој. Освен него, и Парис Хилтон се маскираше во сензацијата на годината.