Слушнете го новиот сингл на Бритни Спирс
Излезе вториот сингл од новиот албум на Бритни Спирс насловен како "Perfume", во кој таа ја открива својата понежна страна.
Баладата зборува за нејзиното раскинување со Џејсон Тревик, нејзиниот поранешен менаџер. Бритни изјави дека секој ќе се пронајде во приказната, бидејќи сите се чувствуваме несигурни во врска во некој момент.
Новиот сингл е дел од албумот "Britney Jean" кој ќе излезе на 3 декември.