На 19-ти ноември ќе излезе книгата "Staying Strong: 365 das a year" на пејачката Деми Ловато.
Не се работи за автобиографска книга за нејзиниот живот, туку колекција на инспиративни фрази и совети. Еве неколку извадоци:
Нека твојата совест биде твој водич. -Пинокио.
Твојата совест е внатрешно чувство или глас кое е како водич на твоето однесување. Низ годините добиваме толку многу лекции од нашите родители, наставници, пријатели и колеги. На крајот на денот ги имаме само тие лекции и нашите инстинкти да ни кажат што е добро за нас.