Поминаа четири месеци од раѓањето на Руфина, првото дете на Еугенија Суарез и Николас Кабре и таа признава дека со станувањето на мајка, повеќе ја разбира својата.
Како се организираш? -Нико ми помага многу. Сега повторно е на работа, но првите месеци правеше се со мене. Мислам дека е погрешно што велат "таткото соработува". Тоа му е обврска. Но има многу мажи кои не се грижат за своите деца, за разлика од мајките. Уште од првиот ден Нико ги менува пелените на Руфи.
Имаш ли некоја идеја како ќе ја воспитуваш? -Сакам да го повторам она што го доживеав во мојот дом. Израснав во среќен дом, каде од наутро до навечер си играв. Сакам да ја одгледам мојата ќерка со радост.
Ти започна со глума на десет години. Дали би дозволила на својата ќерка да започне на толку мала возраст? -Ако таа сака... мене не ми дозволуваа. Но уште како мала си имав зацртано дека сакам да го правам ова. Ја молев мајка ми и ме однесе на кастингот, мислејќи дека нема да поминам. Ако ја видам Руфина толку сигурна во себе, нема да имам избор, туку ќе треба да ја однесам.