Пери Едвардс зборуваше за нејзината венчавка со Зејн Малик


Иако Пери Едвардс изјави дека би сакала повеќето од свадбените детали да не ги открива во јавноста, таа однеодамна изјави дека очекува нејзиниот специјален ден да биде како во филмот "27 Dresses".
Ќе биде огромен циркус. Јас сакав да биде мала венчавка, но сите девојки од моето семејство сакаа да дојдат и да бидат деверуши. Разбирам дека мојата венчавка е сон на секој новинар. Ќе биде како филмот "27 Dresses" каде невестата има многу деверуши, изјави Пери.
Зејн и јас немавме време да почнеме со соодветно планирање. Свршувачката се случи набрзина и бевме оддалечени од дома цела година.