Вториот дел од „Игрите на гладните“ со премиера во Македонија


Вториот дел од "Игрите на гладните" насловен како "Раѓањето на огнот" ќе доживее премиера во Македонија во ноември годинава.

Премиерата на филмот во САД е закажан за 22 ноември, а кај нас, во киното "Cineplexx" ќе биде на 21-ви истиот месец. "Раѓањето на огнот" е вториот дел од серијалот филмови инспирирани од истоимените книги. Приказната од последната книга "Мокинџеј" ќе биде поделена во два дела, односно едниот ќе излезе во 2014, а другиот во 2015 година.

КРАТКА СОДРЖИНА
По завршувањето на 74-те Игри на гладните, Кетнис и Пита се враќаат дома и започнуваат победничка турнеја низ сите реони. Претседателот Сноу ја посетува Кетнис, изразувајќи ја својата лутина поради случката на крајот од Игрите, кога Кетнис и Пита ги прекршија правилата, обидувајќи се да се самоубијат, а со тоа разбудија бунт кај населението.
По турнејата, започнуваат 75-те Игри на гладните, во кои ќе се натпреваруваат 24 претходни победници. Овој пат, арената е малку поинаква: џунгла, вода и животни.