Мајли Сајрус ограбена за својот 21-ви роденден


Мајли Сајрус го прослави нејзиниот 21-ви роденден минатата сабота и доби изненадување кое сигурно не го очекувала!

Станува збор за кражба во нејзината куќа во Лос Анџелес. Полицијата вели дека Мајли не била дома за време на кражбата, а извори велат дека таа е многу потресена од случката, бидејќи крадците украле лични нешта.

Сепак, вознемиреноста не ја покажа на настапот на доделувањето на наградите "American Music Awards", каде ја изведуваше песната "Wrecking ball".