10 факти кои можеби не сте ги знаеле за новиот албум на „One Direction“


После месеци чекање, обожавателите на "One Direction" го дочекаа третиот албум на групата, кој веќе е излезен. По повод тоа, ви претставуваме десет факти кои најверојатно не сте ги знаеле за албумот.

Некои од песните ги снимале во хотелски соби
Луи Томлинсон вели дека немале друг избор туку да снимаат во хотелските соби, инаку би немале време.

Сами напишале 10 од 14 песни на албумот
Секогаш сакавме да ги пишуваме песните и оваа година на турнејата имавме време да го направиме тоа, вели Лиам Пејн.

Не ја напишале песната "Story of my life"
Сепак, "Story of my life" не е напишана од нив. Ја напишал нивниот близок пријател Џејми Скот.

Најл свири на гитара на некои песни
Самиот Најл Хоран на "Твитер" изјави дека можеби обожавателите ќе слушнат некој кого знаат да свири на гитара.

"Midnight memories" е првата песна напишана за албумот
Лиам вели дека оваа песна прва ја напишале и дека им послужила како основа за другите песни.

Омилената песна на Хари
Омилената песна на Хари Стајлс од албумот е "Story of my life", бидејќи смета дека е позрела од нивните претходни.

Омилените песни на Лиам
"You and I" и "Little white lies" се омилените песни на Лиам Пејн, можеби бидејќи тој ги напишал.

Ова е нивниот омилен албум 
Најл изјави дека сакале да направат поинаков албум и според нив овој е подобар од претходните.

Омилените песни на Луи и Најл
Омилена песна на Луи е "Midnight Memories", а на Најл "Strong".

Песната "Diana" е инспирирана од некого
Иако е инспирирана од некоја личност, сепак не кажуваат од кого. Исто така, на Џастин Бибер му се допаѓа оваа песна.