Уште три дена до спотот за „Story of my life“
Во недела излегува спотот за песната "Story of my life" на "One Direction", па денес започнаа со одбројувањето.
Уште три дена преостануваат, а во видеото од 17 секунди можете да погледнете сцени од новиот спот, кој изгледа доста посериозно од претходниот. Сајмон Ковел на "Tвитер" напиша дека овој спот е најдобриот досега на групата.