Мајли Сајрус како астронаут во спотот на Future
Спотот за новата песна Future изгледа футуристички, а од краткиот тизер се гледа дека Мајли Сајрус е облечена како астронаут.
Иако се достапни за гледање 30 секунди од спотот, сепак нема да го видиме целосен се до 10-ти ноември. Раперот Future вели дека Мајли сакала да биде дел од спотот веднаш штом ја слушнала песната.