Секој знае дека "One Direction" добиваат големо внимание каде и да одат, но според Лиам Пејн и Најл Хоран нивното време во Австралија не е баш забавно, бидејќи се заробени во хотелските соби, поради огромниот број на обожаватели.
Беше навистина тешко во Австралија овој пат. Секаде низ светот излегував, освен во Австралија. Еден ден се обидов да одам во шопинг и буквално, за една минута се појавија 60-тина девојчиња следејќи ме по продавниците, изјави Лиам.
Ние сме како и сите други и сакаме малку приватност, а не постојано да бидеме во очите на јавноста, додаде.
Најл изјави:
Нема смисол да седиш како затвореник во хотел. Дури иако хотелот е убав.