Што мисли Лали Еспосито за наводната врска на Питер?


Наводната врска помеѓу Питер Ланзани и Мартина Стоесел стана главна тема на интернет порталите во Аргентина. Дали е вистина или не, се уште не е потврдено, но што мисли Лали Еспосито, бившата на Питер за ова?

Интересно е што обожавателите на Лали освен што сакаат да ја видат со Питер, исто така водат "војна" со 16-годишната Мартина, која се прослави во серијата "Violetta". Кога ја прашаа Лали за нејзино мислење, таа праша дали е тоа потврдено, а новинарот и рече дека не и дека затоа ја прашува, дали знае нешто. Одговорот беше не.
Со Питер едвај се среќаваме и немам време да го прашам. Но ако е така, одлично.
На прашањето што мисли за Мартина, таа одговори:
Јас сакам тој да биде среќен. Го заслужува најдоброто, бидејќи е многу добар.