Хари Стајлс со изненадување за една обожавателка од Австралија


Хари Стајлс дефинитивно знае како да ги воодушеви своите обожаватели! Сина Ерп, обожавателка од Австралија имаше доволно среќа за да излезе со едно од момчињата од "One Direction". Освен тоа, Хари ја однел на ручек! Но сепак не кој знае каде, туку во МекДоналдс.

Во медиумите дојде до озборувања дека обожавателката е модел, па таа на "Твитер" ја негираше информацијата.
Хари е најверојатно најдобрата личност што некогаш сум ја запознала. Гениј е, нешто неверојатно да поседуваш овие денови, вели таа.
 Освен тоа, таа си доби В.И.П. влезница за концертот на групата.