Лали: Со Питер раскинавме пред три години, обожавателите останаа приврзани за приказната


Питер Ланзани започна да излегува со Мартина Стоесел, девојка за која обожавателите на Лали Еспосито немаат најдобро мислење уште пред нивната врска.

Се водеше "војна" на социјалните мрежи за време на гласањето за најдобра актерка на "Kids Choice Awards Argentina", кога обожавателите гласаа за Лали или за Мартина. Лали на сето тоа изјави да не ја споредуваат со младата актерка.
На "Kids Choice Awards Argentina" ja доби наградата за најдобра позната личност на Твитер! На истата социјална мрежа, често може да се забележат твои обожаватели во кавги со обожавателите на Мартина... Како се чувствуваш што те споредуваат со неа? -Не губете време споредувајќи ме. Немаме ништо. Таа е моментално најпопуларната актерка кај деца. Мене веќе ми се случи тоа што нејзе и се случува сега и е неверојатно. Сметам дека е одлично да има нови генерации на актери и да има што да се гледа и да се ужива. Честитам на неа и на сите актери од "Violetta" за успехот.
Велат дека со неа споделувате исто момче... -Јас не споделувам ниту едно момче! Бенџамин е мој и ничиј друг. Ако е вистина дека е во врска со Питер, одлично. Ние раскинавме пред три години, но обожавателите останаа приврзани за приказната помеѓеу него и мене.