Слушнете ја „Del otro lado“, новата песна на Лали Еспосито


После излегувањето на песната "A bailar", на Интернет е достапна нова песна, која веќе предизвика голем интерес кај обожавателите. 

Лали Еспосито, која започна солистичка кариера, живее голем момент во својата професионална кариера. Спотот за "A bailar" ја надмина бројката од 300,000 посети на "YouTube", a на денот за излегувањето направи голем бум и на социјалните мрежи.

Денес, можете да ја слушнете нејзината нова песна насловена како "Del otro lado" (Од другата страна).