Напуштена куќа во шума „завземена“ од животни


Финскиот фотограф Кај Фагерстром претставува единствена фотосесија, исполнета со фотографии од животни сместени во напуштени куќи низ шумите во Финска.

Фотографиите насловени како "Куќата во шумата", биле фотографирани во куќички блиску летната куќа на фотографот. Сопственикот на куќата починал, а животните, како и природата почнале полека да се "вдомуваат" во напуштените простории.