Обожавателите на „Glee“ гласаат кои песни сакаат да ги слушнат во 100-та епизода
Обожавателите на серијата "Glee", познати како Gleeks ќе имаат шанса да гласаат за песните кои сакаат да ги слушнат во 100-та епизода од серијата.
Каналот Фокс објави онлајн гласање, каде обожавателите можат да гласаат за 10 песни од оние кои досега биле испеани, а оние со најмногу гласови ќе бидат препеани во епизодата број 100 на 18 март догодина.
И вие можете да гласате на официјалната фејсбук страница на серијата.