По (не)успехот на „Friday“, Ребека Блек со нова песна „Saturday“
Луѓето можат да ја нарекуваат многу нешта, но вистината е дека таа е храбра девојка.
Откако во 2011 година светот и се смееше со песната "Friday", Ребека Блек издаде нова песна насловена "Saturday". Во видеото се исмејувани делови од нејзиното минато и таа ја покажува својата друга страна, а за само еден ден има над 4 милиони прегледи на "YouTube".