Во вторник, интернатот „Лагуна Негра“ ќе ги затвори своите врати засекогаш
На 10-ти декември интернатот "Лагуна Негра" засекогаш ќе ги затвори своите врати со последната епизода од серијата. А како ќе заврши?
Продуцентите на серијата велат дека крајот ќе биде дефинитивен и ќе ги расплаче гледачите, но не кажуваат дали од тага или од среќа, а ќе биде и со многу акција. Тие велат дека некои ликови ќе треба да умрат, за да други преживеат.
Исто така, она што ќе ги изненади гледачите е смртта на еден од поглавните ликови. Во продолжение гласајте во анкетите и не ги пропуштајте последните две епизоди во понеделник и вторник!
