Интервју со Лали Еспосито, Мар од „Ангели“


Има 22 години, неверојатен талент и богата кариера. Сепак, и покрај големиот успех, таа се држи со нозете на земја. Лали Еспосито се смее кога и зборуваат за нејзината успешна кариера. Таа е од оние што не престануваат. Пее, танцува и глуми.
Ова е голема година за тебе... Да! Гледате дека кога не планирате нештата излегуваат подобро? Оваа година е доказ за тоа.
До каде е албумот? -Го завршуваме и ќе излезе на почетокот на следната година. Во декември ќе го снимам спотот за "Asesina", кој ќе биде одличен.
Како дојде до идејата да направиш свој парфем? -Еден ден се разбудив и реков на мајка ми: "Мамо, сакам да имам свој парфем", и секако ми се смееше. После половина час, кога престана да се смее ми рече: "Како тоа парфем?". Jас сум обожавателка на парфеми и креми. Речиси само тоа го купувам. И реков: "Зошто да не?". Ми текнуваа рекламни спотови, начини како да го покажам, како сакав да се чувствува и почнав да барам луѓе за да го направам, додека не најдов една група која долго време работи на тоа. Има цветен мирис со малку, како што тие го нарекуваат ориентален мирис, и тоа прави да има свој карактер. Баш е за лето и се вика Лали Еспосито. За неколку дена ќе започне да се дистрибуира во целата земја, а за Божиќ веќе ќе биде во продавниците.
Колку време сте заедно со Бенџа? Заедно живеете? -Веќе три и пол години сме заедно и се уште не живееме заедно, бидејќи не се брзаме. Многу сме среќни вака.