Кети Пери подготвува нешто сосема ново за нејзиниот нов спот за песната "Unconditionally", а дел можеме да погледнеме во краткиот исечок.
Во интервју за MTV News, таа изјави:
Овој спот е поинаков од останатите, бидејќи останатите имаат силна раскажувачка приказна, и сакав да тргнам во различен правец, правец кој е базиран на убавина и гламур. Исто така, има еден дел од спотот во кој ме удира автомобил, а тоа е метафора, дека кога љубовта доаѓа те удира како автомобил.
Спотот ќе излезе на 19-ти ноември.