„Оne Direction“ поминаа незаборавен ден со своите обожаватели


Вчера беше специјален ден за момците од „Оne Direction“ бидејќи се запознаа со нивни обожаватели на потпишувањето на нивната книга во Лондон. Се работи за книгата „Where We Are“, на која од задната страна пишува:
Во нашата официјална книга ќе можете да најдете се што се случуваше последните осумнаесет месеци, инспирациите за светската турнеја, сите луѓе што ги запознавме, места кои ги посетивме и моменти кои ги споделивме. Од Лондон до Сиднеј, Њујорк до Токио, пеевме за нашите неверојатни обожаватели низ целиот свет, го гледавме нашиот албум на прво место на топ листи и дури направивме свој филм! Сега можеме да ги споделиме сите успеси и падови со сите вас, нашите обожаватели. Ова е нашата приказна. Се уште е тешко за нас да веруваме дека пред неколку месеци бевме само пет деца кои имаа сон. Ова беше неверојатно патување - и ова е вистинската приказна од позади сцената за тоа како стигнавме дотука. Ова е начин на кој ви кажуваме благодарам за сета ваша љубов која ни ја покажавте од секоја страна на светот! Многу љубов, 1D.