Шпанската серија „Gran Hotel“ од понеделник на Телма
Шпанската серија "Gran Hotel" од 18-ти ноември, понеделник во 19:45 часот ќе започне со емитување на Телма.
СОДРЖИНА
Дејството се одвива во 1905 година. Младиот Хулио Олмедо (Јон Гонзалес) пристигнува во "Гран Хотел" во посета на неговата сестра Кристина (Паула Прендес), која работи таму како градинарка. Таму, тој ќе дознае дека никој не знае ништо за неа веќе цел месец, откако била избркана, поради наводна кражба на муштерии.
Хулио одлучува да остане во хотелот како келнер и да го истражува исчезнувањето на својата сестра. Така, ќе се запознае со Алисија Аларкон (Амаја Саламанка), една од ќерките на доња Тереса (Адријана Озорес), сопственичката на хотелот. Алисија ќе му помогне во истражувањето заедно со Андрес (Лоренц Гонзалес), келнер и син на гувернантата на хотелот, Ангела (Конча Веласко).
Помеѓу Хулио и Алисија се раѓа нешто повеќе од пријателство, но ќе наидат на пречки поради разликата во класите. Заедно ќе ги откриваат тајните чувани во ѕидовите на хотелот.
Интересни факти: Во серијата глуми Јон Гонзалес, попознат како Иван од "Интернат", како и Марта Хазас (Амелија) и Мануел де Блас (Саул).
жанр: драма, мистерија
број на сезони: 3
број на епизоди: 39



